Корисничко име Лозинка Пријави се
06.2.2012

Стивен Апија потпиша за Војводина

Стивен Апија, 31-годишниот поранешен капитен на репрезентацијата на Гана, кариерата ќе ја продолжи во српскиот прволигаш Војводина, со која потпиша договор до крајот на сезоната.

„Нема сомнение дека доаѓањето на искусен играч како Апија е најголем трансфер во историјата на клубот“, стои во соопштението на моментно третопласираниот клуб во српското првенство.
Апија за Војводина потпиша како слободен играч бидејќи е без клуб откако минатата сезона ја напушти Чезена.
Некогашниот играч за врска на Удинезе, Парма, Јувентус, Фенербахче и Болоња за репрезентацијата на Гана одигра 69 натпревари и притоа постигна 16 голови. Од репрезентацијата се повлече по Светското првенство во Јужноафриканската Република.

Најнови вести