Корисничко име Лозинка Пријави се
14.4.2012

Самуел три седмици надвор од терените

Валтер Самуел, одбранбениот играч на Интер, ќе биде надвор од терените наредните три седмици поради истегнување на бутниот мускул на десната нога, соопштија од клубот.

Во тој период „нераѕурите“ во италијанскиот шампионат ќе ги одиграат натпреварите против Удинезе, Фиорентина и Чезена.
Аргентинецот се повреди на натпреварот од 32-то коло, во кој Интер како домаќин го совлада Киево со 2-1.
Самуел беше заменет во триесет и осмата минута, при водство на гостите од Верона, а на негово место влезе Јапонецот Јуто Нагатомо.
Триесет и четиригодишниот репрезентативец на Аргентина во Интер дојде во 2005 година од Реал Мадрид, а во клубот од Милано одигра 131 меч и постигна десет голови.
На шест кола до крајот „нераѕурите“ се наоѓаат на седмата позиција, со четириесет и осум освоени бодови, исто колку и шестопласираниот Наполи.

Најнови вести