Корисничко име Лозинка Пријави се
12.3.2012

Јоветиќ го прескокнува и Јувентус

Стеван Јоветиќ, напаѓачот на Фиорентина, најверојатно, нема да биде во составот за следниот натпревар од Серија А против Јувентус.

„Виолетовите“ во сабота ќе играат против „старата дама“, а црногорскиот репрезентативец сè уште нема закрепнато од повредата на бутниот мускул.
Јоветиќ е надвор од терените уште од натпреварот со Чезена, кој се играше пред две кола, а во Фиренца се очекуваше дека младиот напаѓач ќе биде подготвен за мечот со Јувентус, меѓутоа, по повторените медицински прегледи, стана јасно дека тоа е малку веројатно.
Во досегашниот тек на сезоната Јоветиќ е најдобар играч и стрелец на Фиорентина, со дванаесет постигнати погодоци на дваесет и еден натпревар.

Најнови вести