Корисничко име Лозинка Пријави се
12.12.2011

Милито добитник на Златна канта

Диего Милито, аргентинскиот напаѓач на Интер, е добитник на наградата „Златна канта“ за најлош фудбалер во Серија А во 2011 година.

Меѓу кандидатите беа четворица играчи на Јувентус и тројца од Интер. Во таа конкуренција беа Диего Милито, Мауро Зарате, Диего Форлан, Милош Красиќ, Фелипе Мело, Лука Тони, Амаури, како и Едуардо од Џенова, Адријан Муту од Чезена и фудбалерот на Фиорентина, Сантијаго Силва.
Според гласовите, „освојувач“ на Златната канта е Диего Милито, напаѓачот на Интер, кој доби 3099 гласа, а зад него беше четворката на Јувентус. Амаури го доби второто место со 2991 глас, Красиќ доби 2180 гласа, Фелипе Мело 2088, а Лука Тони 2073 гласа.
Како што одминуваат сезоните, тој во дресот на Интер игра сè послабо, а во тој стил продолжи и сезонава, каде што во сите конкуренции постигна само три гола.
Досега бразилскиот напаѓач Адријано е лидер со три освоени Златни канти.

Најнови вести