Корисничко име Лозинка Пријави се
21.2.2012

Берета трет тренер на Чезена сезонава

Италијанскиот фудбалски клуб Чезена му се заблагодари за соработката на тренерот Даниеле Аригони и го назначи Марио Берета за негов заменик.

Иако Аригони имаше ангажман од уште четири месеци, Чезена на својата официјална интернет-страница ја објави веста дека го раскинала договорот со него, а нешто подоцна го назначи Берета за негов наследник. 

Педесет и двегодишниот италијански тренер Аригони ја презеде Чезена во ноември минатата година, но серијата лоши резултати и паѓањето на последното место на табелата го чинеше прерано заминување од клубот.

Аригони е втор отпуштен тренер на Чезена оваа сезона. Пред него таа судбина ја доживеа и Марко Џампаоло.

На негово место на клупата доаѓа Марио Берета, педесет и двегодишниот стратег, кој својата тренерска работа ја започна на дваесет и три години. Тој потпиша договор до крајот на сезоната, со можност за продолжување, ако успее да го задржи тимот во елитата.

Берета како нов тренер, официјално ќе биде претставен во текот на денешниот ден на конференцијата за новинари во просториите на стадионот „Дино Мануци“.

Најнови вести