Корисничко име Лозинка Пријави се
26.1.2018

Сампдорија еден месец без „моторот“

Завчера, во текот на натпреварот со Рома се повреди Денис Прает.

Денис Прает, фудбалерот кој во 2016 година стигна во Сампдорија, нема да може да игра околу еден месец поради повредата со која се здоби во завчерашниот натпревар против Рома, кој заврши со резултат 1-1.
Марко Џампаоло по натпреварот изјави дека повредата е сериозна и дека се чека веста само колку долго ќе отсуствува од теренот овој белгиски фудбалер.
Синоќа е утврдено дека тоа најверојатно ќе биде од четири до шест седмици, што значи дека Сампдорија ќе биде ослабена во продолжението на првенството.
Ќе бидат направени уште тестови за да се утврди кога Прает ќе може да почне со лесни тренинзи.

Најнови вести