Корисничко име Лозинка Пријави се
13.4.2012

Бонучи го скрши носот

Леандро Бонучи, одбранбениот фудбалер на Јувентус, ќе биде подложен на испитувања откако вчера го скрши носот во еден дуел на натпреварот против Лацио.

Стоперот се повреди во еден воздушен дуел со противничкиот фудбалер Либор Козак. Денес ќе му бидат извршени медицински тестови и ќе се утврди дали ќе мора да замине на операција или не.
Дваесет и четиригодишниот фудбалер оваа сезона за „старата дама“ одигра дваесет и шест натпревари и постигна два гола.
Со победата над Лацио Јувентус се врати на првата позиција, со еден бод предност пред Милан, но го загуби дефанзивниот играч за наредниот натпревар против Чезена, кој ќе се игра во недела.

Најнови вести