Корисничко име Лозинка Пријави се
31.1.2012

Чезена го собра Јакинта

На последниот ден од зимскиот преоден рок триесет и двегодишниот напаѓач Винченцо Јакинта од Јувентус премина во редовите на Чезена.

Тој во Јувентус дојде во 2007 година од Удинезе, во трансфер вреден 11 милиони евра, но последните две сезони мака мачеше со повредите, а нема настапено од март минатата година.

„Имав доста проблеми со повредите во кариерата. Сакам нов старт и не можам да го дочекам“, рече Јакинта, кој со репрезентацијата на Италија во 2006 година дојде до титулата светски шампион.

„Старата дама“ полека се ослободува од непотребниот товар, па така, пред овој трансфер, вчера го продаде триесет и четиригодишниот Лука Тони, кој кариерата ќе ја продолжи во Ал Насри.

Јувентус во преодниот рок доведе и едно засилување, се работи за дваесет и едногодишен играч за врска Симоне Падоин, довчерашен фудбалер на Аталанта, кој потпиша петгодишен договор.

Најнови вести