Корисничко име Лозинка Пријави се
02.11.2011

Аригони нов тренер на Чезена

Италијанскиот прволигаш Чезена соопшти дека за нов тренер го ангажира Даниеле Аригони.

Аригони, кој со Чезена потпиша договор на една година, на клупата на овој тим ќе го замени Марко Џампаоло.
Покрај Аригони, кандидати за нов тренер на Чезена беа Луиџи де Канио и Давиде Балардини.
Новиот тренер на Чезена, Аригони, во досегашната тренерска кариера работеше во Триестина, Болоња, Ливорно, Калјари, Палермо и Месина.

Најнови вести