Корисничко име Лозинка Пријави се
14.6.2018

Филипо Инзаги нов тренер на Болоња

Инзаги потпиша двегодишен договор, а на клупата ќе го наследи Роберто Донадони.

Филипо Инзаги, легендарниот голгетер на Милан, вчера е именуван за нов тренер на Болоња, соопшти клубот од италијанската Серија А.
Инзаги потпиша двегодишен договор, а на клупата ќе го наследи Роберто Донадони.
По одличната играчка кариера, Инзаги како тренер работеше во младиот тим на Милан, потоа кратко го водеше првиот тим, а претходните две сезони ги помина во Венеција.
Следната сезона во елитниот италијански фудбал ќе се игра братско дерби бидејќи Симеоне, помладиот брат на Инзаги, е тренер на Лацио.

Најнови вести