Корисничко име Лозинка Пријави се
20.12.2011

Наполи еден месец без Лавеци

Езекиел Лавеци, 26-годишниот аргентински крилен напаѓач во редовите на Наполи, ќе отсуствува од фудбалските терени еден месец поради повреда на бутниот мускул на десната нога со која се здоби во неделата, во поразот (3-1) од Рома.

Лавеци се повреди по десет минути игра во вториот дел, а по деталните прегледи од Наполи потврдија колку долго ќе отсуствува од натпреварувачкиот погон.
„Станува збор за истегнување на мускулот, а рокот предвиден за закрепнување е четири седмици“, порача Лавеци преку „Твитер“.
Тоа значи дека Аргентинецот ќе пропушти три натпревари во Серија А, против Џенова, Палермо и Болоња, како и дуелот од Италијанскиот куп против Чезена.

Најнови вести