Корисничко име Лозинка Пријави се
05.12.2011

Лече му врачи отказ на Ди Франческо

Поради лошите резултати Лече го отпушти тренерот Еузебио Ди Франческо и за нов шеф на стручниот штаб го доведе Серсе Козми.

Лече во саботата на гостувањето кај Наполи, по деветти пат сезонава беше поразен и по тринаесет кола се наоѓа на последното место на табелата, само со осум освоени бодови.

Ди Франческо е осмиот отпуштен тренер оваа сезона во Серија А. Пред него отказ добија: Роберто Донадони и Масимо Фикаденти во Калјари, Синиша Михајловиќ во Фиорентина, Марко Џампаоло во Чезена, Стефано Пиоли во Палермо, Пјерпаоло Бизоли во Болоња и Џанпјеро Гасперини во Интер.

Козми, новиот тренер на Лече, претходно ги предводеше Перуџа, Џенова, Удинезе, Бреша, Ливорно и Палермо. 

Најнови вести