Корисничко име Лозинка Пријави се
17.6.2014

Куентрао и Алмеида ќе паузираат десетина денови

Репрезентативците на Португалија Фабио Куентрао и Уго Алмеида се повредија на натпреварот со Германија, поради што ќе ги пропуштат преостанатите две средби во групната фаза.

Како што изјави Енрике Жонс, лекарот на португалскиот национален тим, по натпреварот во Салвадор, Куентрао и Алмеида ќе мора да паузираат барем десет дена.
Тие поради повредата нема да играат на претстојните средби со САД во недела и со Гана на 26-ти јуни.
Покрај нив, полесни повреди доживеаја и Кристијано Роналдо и голманот Руи Патрисио.
Според зборовите на Жонс, со Роналдо „сè е во ред“, додека повредата на Патрисио „ништо специјално“.
На средбата удар во бутот доби и Матс Хумелс, стоперот на Германија, кој мораше да излезе од игра, но тој не е сериозно повреден.
Германија убедливо со 4-0 ја совлада Португалија во првото коло на групата Д на Светското првенство во Бразил.

Најнови вести