Корисничко име Лозинка Пријави се
09.1.2013

Красножан сменет од клупата на Кубањ

Јури Красножан е сменет од клупата на рускиот прволигаш Кубањ по несогласувањата со клупската управа, објавено е на интернет страницата на клубот од Краснодар.

„Ова е тешка одлука, но решивме да ја прекинеме соработката со Јури Красножан. Мислењата на нашиот спортски директор и тренерот станаа некомпатибилни. Не е сè во пласманот на табелата. Имаме свои стратешки цели кои во моментов се поважни од позицијата на табелата“, изјави главниот клупски финансиер Олег Мкртчан.
Красножан ја презема клупата на Кубањ во август кога го замени поранешниот фудбалер на Челзи и романски репрезентативец Дан Петреску кој замина во Динамо Москва.
Во моментот на смена на тренерот, Кубањ се наоѓа на високото четврто место во руската Премиер лига, а како главен кандидат за наследник на Красножан е белорускиот стручњак Леонид Кучук.
Красножан доби отказ во три руски прволигаши (Локомотив Москва, Анжи и Кубањ) во последните 18 месеци поради нефудбалски причини.