Корисничко име Лозинка Пријави се
08.11.2011

Португалија ослабена против Босна и Херцеговина

Португалија ќе биде без играчот за врска Дани и дефанзивниот играч Силвио за двата натпревари од баражот во евроквалификациите против Босна и Херцеговина.

Фудбалерот на Зенит не беше ниту во конкуренција за натпреварот против Кубањ Краснодар, кој заврши без победник 1-1, поради повреда на коленото и е далеку од тоа дека е физички подготвен, додека, пак, дефанзивниот играч на Атлетико Мадрид сè уште се бори со повредата.

Двата фудбалера не беа во составот на својата репрезентација на мечевите против Исланд и Данска во октомври, а тогаш селекторот на Португалија, Пауло Бенто, за нивна замена повика двајца офанзивни играчи за врска.

Овој пат тој се реши за друга варијанта и во тимот повикани на нивно место ќе бидат крилниот бек на Малага Елисеј, како и фудбалерот од средината на теренот Виериња, кој игра во грчкиот Паок.

Елисеј беше стартер на последните два натпревари за својата репрезентација поради отсуството на бекот на Реал Мадрид, Фабио Куентрао, додека поранешниот играч на Порто, Виериња го заработи својот прв повик за националниот тим.

Првиот натпревар ќе се одигра на 11-ти ноември во Босна и Херцеговина, а четири дена подоцна во Португалија.

Најнови вести