Корисничко име Лозинка Пријави се
04.6.2013

Роберто Карлос официјално во Сиваспор

Роберто Карлос, поранешниот репрезентативец на Бразил, е именуван за нов тренер на Сиваспор, соопшти турскиот клуб.

Тој досега ја извршуваше функцијата спортски директор во Анжи, но одлучи да се врати во Турција, каде што многу успешно го носеше дресот на Фенербахче.
„Имаме добар тим и луѓе коишто го водат клубот. Сакаме да играме убав фудбал, но ќе ни биде потребно полн стадион и поддршка од навивачите. Не сакам да брзам со трансферите, сигурно ќе доведеме некои играчи кои ќе придонесат за што подобри резултати“, изјави поранешниот лев бек на Реал Мадрид на промоцијата на стадионот на Сиваспор, каде што се собраа повеќе од 5.000 навивачи.
Карлос во текот на кариерата, покрај за Фенербахче и за Реал, настапуваше и за Сао Жоао, Палмеирас, Интер, Коринтијанс и Анжи.
За репрезентацијата на Бразил одигра 125 натпревари и постигна 11 голови.

Најнови вести