Корисничко име Лозинка Пријави се
03.4.2013

Рускиот репрезентативец на Анжи нема да игра до крајот на годината

Андреј Јешченко, 29-годишниот лев одбранбен играч на Анжи и руски репрезентативец, би можело да отсуствува до крајот на 2013 година бидејќи ги скина лигаментите на коленото.

Се очекува дека фудбалерот кој дојде во јануари од Локомотив да биде надвор од погон околу осум месеци. Јешченко се повреди во неделниот пораз од Краснодар (4-0), во 22-то коло на руското првенство. Во тој натпревар се здоби со повреда на задниот дел на бутниот мускул уште еден руски репрезентативец, Олег Шатов, кој на теренот нема да биде околу три седмици.
Претходно во богатиот руски клуб се повредија и двајцата најдобри играчи, Самуел Ето и Вилијан, така што тренерот Гус Хидинк следниот викенд ќе има големи проблеми со составувањето на екипата.

Најнови вести