Корисничко име Лозинка Пријави се
22.5.2013

Роберто Карлос наскоро ќе ја преземе тренерската клупа на Сиваспор

Роберто Карлос, 40-годишниот спортски директор на рускиот фудбалски клуб Анжи и до неодамна активен бразилски фудбалер, според наводите на повеќе извори, би требало наскоро да седне на тренерската клупа на турскиот прволигаш Сиваспор.

Тоа го тврдат и турските медиуми, но и челниците на овој клуб, кои потврдија дека разговорите траат веќе одредено време, а дека во последните денови е финализиран договорот и дека сега треба да се исполнат само формалностите, а тоа е официјалниот потпис на легендарниот страничен фудбалер од Бразил. Тоа би требало да се заврши до крајот на оваа седмица.
Роберто Карлос фудбалската кариера ја заврши минатата година играјќи за Анжи, каде што и остана, а денес работи како спортски директор на клубот. Но, откако го напушти теренот и ги остави копачките, некогашниот играч со силен удар изјавуваше дека сака што поскоро да се обиде во тренерскиот свет.
Сиваспор, очигледно, ќе му ја исполни желбата, а екипата оваа сезона ја заврши на 12-тото место на табелата.
Роберто Карлос во кариерата веќе престојуваше во Турција, од 2007 до 2009 година го носеше дресот на Фенербахче.

Најнови вести