Корисничко име Лозинка Пријави се
28.7.2015

Дидие Дрогба ќе игра во МЛС за Монтреал

Дидие Дрогба е ново големо име кое кариерата ќе ја продолжи во американската МЛС-лига. Легендарниот напаѓач на Челзи потпиша договор со канадскиот Монтреал импакт.

„Чест е да се дочека Дидие Дрогба во Импакт. Од првиот разговор со него добив впечаток дека сака да игра за Монтреал. Неговото доаѓање е засилување во секоја смисла“, изјави Џои Сапуто, претседателот на клубот.
Дрогба со тоа им се приклучи на Френк Лампард, Стивен Џерард и Андреа Пирло, коишто ова лето стигнаа во МЛС-лигата.
Во клупската кариера тој постигна 263 голови, 164 за Челзи, а со 65 погодоци е најдобриот стрелец на Брегот на Слоновата Коска на сите времиња.
Покрај Челзи, играше уште за: Галатасарај, Шангај, Марсеј, Генгамп и Ле Ман, во којшто ја почна кариерата.
Монтреал е член на МЛС-лигата од 2012 година, а минатата сезона беше најлошиот тим на лигата. Моментно е шести на Истокот со седум победи во 18 натпревари.

Најнови вести