Корисничко име Лозинка Пријави се
01.10.2013

Проблеми во Галатасарај: Снајдер и Дрогба беа отсутни на тренингот

Фудбалерите на Галатасарај од Истанбул утре гостуваат кај италијанскиот шампион Јувентус, во средбата од второто коло од групната фаза на Лигата на шампионите. За натпреварот турскиот шампион може да биде значително ослабен.

Како што наведува турскиот дневник „Хуриет“, вчера ниту Дидие Дрогба ниту Весли Снајдер не тренирале со остатокот на екипата. Позитивно во сето тоа е фактот што Дрогба сепак работел, но по посебна програма, па се очекува да настапи утре.
Но, повредата на холандскиот фудбалер е малку посериозна. Снајдер доби силен удар во ногата за време на средбата против Ризеспор и за него се напоменува дека многу веројатно ќе го пропушти дуелот во Торино.
Галатасарај во првиот натпревар на Лигата на шампионите помина многу лошо - Реал во Истанбул славеше дури со 6-1.

Најнови вести