Корисничко име Лозинка Пријави се
26.11.2015

Дрогба: Челзи нема лидер на теренот

Легендарниот фудбалер на Челзи, Дидие Дрогба, изјави дека причината за тешкотиите со кои се сочува тимот на Жозе Мурињо е тоа што нема лидер на теренот.

„Во текот на мојот престој во Челзи имавме многу лидери во тимот, како што беа Лампард, Чех, Тери, Балак, Шевченко, Есиен па и јас... Сите тие беа големи имиња со многу изразени карактери. Во секој момент ја преземавме одговорноста за лошите резултати и подоцна ја менувавме ситуацијата“, изјави Дрогба за „Сан“.
Напаѓачот од Брегот на Слоновата коска истакна дека на капитенот Џон Тери му е многу тешко победничкиот менталитет да им го пренесе на соиграчите.
„Тоа е нешто што не се надградува, туку тоа доаѓа вродено. Мора да се почувствува моментот кога и што би треба да се разговара со тимот, но и останатите треба да те прифатат како лидер“, додаде Дрогба.
Дрогба за девет сезони, во два мандати, одигра 381 натпревар и постигна 164 голови, но и беше најзаслужен за најголемиот успех во историјата на клубот во освојувањето на Лигата на шампионите во 2012 година, кога во финалето против Барселона постигна изедначувачки гол во финишот и подоцна во пенал серијата го реализираше одлучувачкиот удар од „белата точка“.
Сегашниот фудбалер на Монтреал има четири титули во Премиер лигата, четири ФА Купа, три Лига Купови и два Комјунити Шилд.

Најнови вести