Корисничко име Лозинка Пријави се
21.12.2015

Хидинк го сака Дрогба за помошник

Новиот менаџер на Челзи, Гус Хидинк, потврди дека сака поранешниот играч на овој клуб Дидие Дрогба да го добие за свој помошник.

Актуелниот шампион на Англија во саботата го именуваше холандскиот стручњак за менаџер до крајот на сезоната, откако на таа функција го наследи Жозе Мурињо, кој доби отказ во четвртокот по низата од лоши резултати на „сините“.
Дрогба во друштвото на Хидинк и сопственикот на клубот Роман Абрамович го следеа дуелот меѓу Челзи и Сандерленд, прв од заминувањето на Мурињо, во кои Челзи извојува победа од 3-1.
„Би сакале да го вклучиме и Дрогба во работата, тој и понатаму има договор со Монтреал, но ние секако имаме намера да му дадеме некоја улога. Сакаме сите важни играчи да ги вклучиме во клубот, а срцето на Дрогба е во Челзи“, истакна Хидинк.
Дрогба во два наврати играше за Челзи , прво од 2004 до 2012 година, а потоа минатата сезона се веруваше дека по истекот на договорот ќе остане во стручниот штаб на Мурињо, но тоа не се случи. Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска ова лето отиде во Монтреал импакт и на 11 натпревари постигна исто толку голови.
Челзи моментално се наоѓа на 15-тото местото на табелата на Премиер лигата, со 20 бодови помалку од лидерот Лестер.

Најнови вести