Корисничко име Лозинка Пријави се
04.3.2016

Дрогба ги пропушта првите пет натпревари во МЛС

Дидие Дрогба нема да може да му помогне на Монтереал импакт на првите пет натпревари во новата МЛС сезона.

Причините се хронични проблеми со коленото, а тие натпревари ќе се играат на вештачка трева, што е голем напор за колената и зглобовите.
„Дидие нема да може со нас на почетокот на сезоната. Долгорочните пресметки кажуваат дека подобро е да го поштедиме сега. Неговото колено е навистина потечено и сигурно нема да помогне ако игра на вештачка трева“, гласеше соопштението од клубот.
Дрогба исто така ќе тренира со полесен интензитет бидејќи поголемиот дел од тренинзите се одржува на вештачка трева.

Најнови вести