Корисничко име Лозинка Пријави се
21.4.2016

Фалкао: Ја сакам МЛС лигата

Како што пренесува „Скај Спорт“, фудбалерот на Монако кој е на позајмица во Челзи, Радамел Фалкао, истакна дека не ја исклучува можноста за поминување во МЛС лигата и покрај тоа што за него интерес пројавува Колумбус кру.

„Го следам фудбалот во САД, имам многу пријатели таму и поради таа причина сакам да ја следам МЛС лигата. Таму играат големи имиња. Сметам дека лигата секоја година ќе биде сè посилна и посилна, бидејќи има сè повеќе звучни имиња кои поминуваат во неа. Не можам да ја исклучам можноста за мој трансфер во САД, иако сè уште имам што да покажам во Европа“, истакна колумбискиот напаѓач.
Фалкао во Монако има договор до 2018 година, а тој додаде дека за евентуален трансфер во МЛС лигата ќе размислува дури по завршувањето на сезоната.
„Кога ќе заврши сезоната ќе размислам за понатамошните планови. Искуството во Англија беше тешко, не играв во континуитет, иако тоа го сакав. Сепак, последните години ми овозможија да бидам уште подобар во другите аспекти“, наведе Фалкао.

Најнови вести