Корисничко име Лозинка Пријави се
11.11.2015

Ибрахимовиќ: Ме привлекува МЛС

Златан Ибрахимовиќ, по примањето на наградата за најдобар фудбалер во Шведска, изјави дека го привлекува играњето за американската МЛС лига.

Шведскиот напаѓач, поранешниот играч на Милан и Барселона, често се поврзува со заминување во САД.
Тој самиот изјави дека тоа го привлекува, но „мора да постои сериозен проект“.
„Сè што е надвор од фудбалот сега ме интересира повеќе отколку претходно. Порано добивав понуди и ги одбивав без да размислувам, бидејќи веднаш се појавуваа нови. За сега, а и понатаму топката одлучува. МЛС ме привлекува, но мора да постои сериозен проект од другата страна... Сè може да се случи. Се чувствувам одлично, играм добро, но кој знае што ќе биде за шест месеци“, изјави Ибрахимовиќ
Тој неодамна наполни 34 години, но засега тој игра одлично.
„Во добра форма сум засега и додека чувствувам дека можам да му допринесам со нешто на тренерот, ќе продолжам да играм. Моето тело е како автомобил, што повеќе го возиш, тоа подобро оди. Моите години не ми кажуваат дека треба да престанам да играм“, рече Ибрахимовиќ.  

Најнови вести