Корисничко име Лозинка Пријави се
07.12.2015

Портланд е новиот шампион во МЛС

Финалето во МЛС меѓу Колумбус и Портланд беше одбележано со две голмански грешки по кои Портланд ја освои првата титула во историјата.

Завршниот натпревар во најсилната американска лига беше далеку од она што се очекуваше. Портланд успеа да дојде до водство во финалето по само 30 одиграни секунди и тоа благодарејќи на пропустот што го направи голманот Кларк, додека до вториот гол новите шампиони стигнаа во седмата минута по одлична акција.
Колумбус успеа само да го намали резултатот по една комична интервенција на гостинскиот голман во 18-тата минута, но по почетните возбудувања до крајот на натпреварот немаше нова промена на резултатот и Портланд сепак успеа да ја освои својата прва титула во американскиот фудбал.
Новиот првак е клуб кој е основан во 2009 и ова е прв шампионски трофеј во историјата. Колумбус е поразен во своето второ финале, а единствената титула ја освои во 2008 година.

Најнови вести