Корисничко име Лозинка Пријави се
08.3.2014

Судиски локаут во МЛС

Судиите и другите официјални лица во американската фудбалска лига МЛС ги прекинаа сите активности на ден пред почетокот на новата сезона.

Здружението на професионалните судии (ПРО) кое е задолжено за судење на натпреварите на МЛС и на репрезентацијата ја извести асоцијацијата на Фудбалските судии ПСРА за локаутот и соопшти дека ќе се најде замена за арбитрите.
„Ние предложивме значително зголемување на платите на судиите и според нашиот предлог судиите би заработувале повеќе од светскиот просек“, изјави генералниот менаџер на ПРО, Питер Волтон, кој беше премиерлигашки судија од 2003 до 2012 година.
ПСРА поднесе тужба против нерамноправните работни услови и го обвини ПРО за разговори со лоши намери и закани за нивните членови.
„Побаравме многу информации, вклучувајќи и финансиски, а ПРО и МЛС не ни ги доставија. Наместо тоа побараа од ПСРА да се сложат со нивните нерационални барања“, изјави адвокатот на Синдикатот на ПСРА.
ПРО соопшти дека замени судии ќе бидат поранешни арбитри на ФИФА кои се преселиле во САД, како и поранешни судии во МЛС.
Ситуацијата многу потсетува на судискиот локаут во НФЛ минатата сезона, кога штрајкуваа професионалните судии. По стартот на сезоната со нивните замени кои катастрофално ги судеа натпреварите, НФЛ попушти и ги прифати барањата на професионалците.

Најнови вести