Корисничко име Лозинка Пријави се
09.10.2017

Андреа Пирло најави крај на кариерата во декември

Андреа Пирло, фудбалерот на Њујорк сити, најави дека кариерата ќе ја заврши во декември, по завршувањето на сезоната во американската МЛС-лига.

На легендарниот 38-годишен италијански фудбалер договорот му истекува во декември. Тој во последно време немаше голема минутажа.
„Во еден момент сфаќате дека дошло времето. Секој ден имате физички проблеми и не можете да тренирате онака како што сакате бидејќи секогаш има некои проблем. Во мои години, тоа е доволно. Не можете да продолжите да играте засекогаш, не можете да играте до 50 години“, изјави Пирло за „Газета дело спорт“.
Пирло играше за: Бреша, Интер, Реџина, а најмногу успех имаше во Милан и во Јувентус. Освои шест титули во Серија А и две титули во Лигата на шампионите. Со репрезентацијата на Италија го освои Светското првенство 2006 година.
„Ќе работам нешто друго. Со 38 години мора да им го препуштите местото на помладите. Не сум лут, наместо тоа ќе им помагам на соиграчите и на тренерот“, изјави Пирло.

Најнови вести