Корисничко име Лозинка Пријави се
10.9.2015

МЛС сака натпреварување со Премиер лигата

Американската фудбалска лига сака да покрене официјално натпреварување во кое би учествувале шампионот на Премиер лигата, победникот на ФА купот и клубовите од МЛС-лигата.

Последните години Манчестер јунајтед, Челзи и Ливерпул учествуваа на пријателски турнири низ САД, а сè повеќе англиски играчи настапуваат во МЛС-лигата.
„Разговаравме со претставници на Премиер лигата за официјално натпреварување наместо досегашните повремени средби на клубовите“, изјави Дон Гарбер, комесарот на МЛС-лигата.
Гарбер изјави дека би сакал натпреварувањето да се одржува еднаш годишно или на секои четири години.

Најнови вести