Корисничко име Лозинка Пријави се
17.4.2015

Аквилани се сели во САД

Алберто Аквилани, фудбалерот на Фиорентина, налето најверојатно ќе игра во МЛС-лигата, потврди неговиот менаџер Андреа Д’Амико.

На Аквилани договорот со италијанскиот тим му истекува на крајот на сезоната, а неговиот агент не сакаше да открие кои клубови од Соединетите Американски Држави се заинтересирани за него.
„Аквилани е врвен играч, кој оствари доста рекорди. Сè уште не сме се договориле со ниту еден клуб, но сигурен сум дека ќе биде одлично организиран. Американската лига е во голем пораст и ѝ предвидувам светла иднина“, изјави Д’Амико.
Аквилани оваа сезона во сите натпреварувања за „виолетовите“ одигра 28 натпревари и постигна еден гол.
Триесетгодишниот плејмејкер во текот на кариерата играше за: Триестина, Рома, Ливерпул, Јувентус и Милан. За репрезентацијата на Италија настапи 37 пати и даде пет голови.


Најнови вести