Корисничко име Лозинка Пријави се
15.11.2014

Напад на судија ги одложува натпреварите во Грција

Фудбалскиот сојуз на Грција вчера на неодредено време ги одложи сите натпревари од професионалните лиги по нападот над еден судија кој бил претепан на улица.

Грчката полиција соопшти дека четириесет и петгодишниот Христофорос Зографос, поранешниот судија на ФИФА, во Атина бил претепан од двајца насилници со дрвени палки, по што завршил во болница.
Сојузот соопшти дека нема да праќа судии на претстојните првенствени натпревари се додека не се преземат итни мерки за заштита на фудбалските официјални лица.
Зографос е помошник на директорот на Комитетот на фудбалски судии кој распоредува официјални лица на натпреварите, а на чело на тоа тело е Хју Далас, поранешен судија од Шкотска.
Фудбалските натпревари во Грција во септември беа одложени на една седмица откако почина еден навивач кој бил претепан на еден натпревар од Третата лига.

Најнови вести