Корисничко име Лозинка Пријави се
30.3.2018

Британците без судии на Мундијалот – за прв пат по 80 години

ФИФА ја објави листата на арбитри коишто ќе ја делат правдата на Светското првенство во Русија и за прв пат по 80 години на листата на судии нема Британци.

Последен пат ова се случи далечната 1938 година, кога домаќин беше Франција.
Вкупно 99 судии ќе ја делат правдата во Русија, од кои 36 главни арбитри и 63 помошни и нема ниеден од Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска.
Марк Катенбург беше единствениот судија на проширената листа на судии која е објавена 2016 година, меѓутоа го изгуби местото откако ја напушти Премиер лигата во февруари и се пресели во Саудиска Арабија.
На официјалната листа на судии се наоѓа српскиот судија Милорад Мажиќ, како и неговите помошници Милован Ристиќ и Далибор Ѓурѓевиќ.

Најнови вести