Корисничко име Лозинка Пријави се
31.10.2015

Клубот ги „заробил“ судиите, ги ослободил претседателот на Турција

Челниците на Трабзонспор ги „заробиле“ судиите незадоволни од судењето на натпреварот со Газијантеп, а биле ослободени дури по интервенција на турскиот претседател Реџеп Ердоган.

Претседателот на Трабзонспор, Ибрахим Хаџиосманоглу, кој за време на натпреварот бил во Истанбул, наредил судиите да бидат заклучени во соблекувалните додека тој не дојде.
Бесот против арбитрите бил предизвикан од одлуката на главниот судија Чагатај Сахан да не досуди пенал за домашниот тим на средбата кој завршила со реми 2-2.
„Судиите не смеат да го напуштат стадионот додека јас не дојдам“, наводно рекол Хаџиосманоглу.
Клупските официјални лица не ги заклучиле само четирите судии, туку и неколку претставници на Фудбалската федерација на Турција кои биле ослободени по телефонскиот повик од Претседателот на Турција.
„Да не правиме скандал пред Турција и пред целиот свет“, му рекол Ердоган на претседателот на клубот, пренесе агенцијата Доган.
Судиите во полициска придружба го напуштиле стадионот, но група незадоволни навивачи на нив фрлала со шишиња и камења.
Фудбалската федерација на Турција покренала постапка за овој инцидент.
Трабзонспор и Газијантеп се наоѓаат на делба од 8 до 11 место на табелата на Суперлигата со по 14 бодови од десет натпревари.

Најнови вести