Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2011

Чале и Кирјакос потпишаа за Волфсбург

Хрватот Хрвоје Чале потпиша тригодишен, а грчкиот интернационалец Сотирис Кирјакос двегодишен договор со германскиот прволигаш Волфсбург.

Откако изминатите три сезони ги одигра во Трабзонспор, со кого взаемно го раскина договорот, 26-годишниот Чале во Волфсбург дојде како слободен играч.
„Волфсбург е многу добар клуб. Импресиониран сум од клупската структура и организација. За мене е посебна можност да играм во таков клуб и горд сум поради тоа. Феликс Магат е голем тренер и се радувам што ќе работам со него“, изјави хрватскиот лев бек за официјалната интернет-страница на клубот.
Покрај Чале, кој меѓу „волците“ останува до летото 2014 година, нов член на клубот е и грчкиот 32-годишен одбранбен играч од средината Сотирис Кирјакос, досегашен член на Ливерпул.
„Нашата одбрана на средината на теренот не беше баш стабилна, моравме нешто да направиме, да се засилиме. Кирјакос е играч кој веднаш ќе нè засили и може да ни помогне. Искусен е, позната му е Бундеслигата, ритамот на играњето, и нема да му биде потребно време за адаптација“, рече тренерот Феликс Магат.
Чале во Волфсбург ќе го носи дресот со број 26, а Кирјакос со број 16.

Најнови вести