Корисничко име Лозинка Пријави се
24.7.2013

Бешикташ го доведе капитенот на Трабзонспор

Турскиот прволигаш Бешикташ, чиј тренер е хрватскиот стручњак Славен Билиќ, го доведе Толга Зенгин, 29-годишниот голман и досегашен капитен на екипата на Трабзонспор.

Целата досегашна кариера Зенгин ја помина во Трабзонспор, а за турската репрезентација досега одигра пет натпревари.
„Многу сум задоволен и благодарен што ни се придружи играч кој го носи дресот на турската репрезентација. Во Трабзонспор добро работеше, а сите со кои разговарав го препорачаа. Толга ќе биде значаен придонес за нашата екипа, на теренот и надвор од него“, изјави Билиќ за својот нов играч.

Најнови вести