Корисничко име Лозинка Пријави се
31.7.2015

Работнички со голема победа над Трабзонспор

Работнички синоќа, на арената „Филип Втори“ во Скопје, го победи турскиот Трабзонспор со 1-0 во натпреварот од третото квалификациско коло од Европската лига на УЕФА и за седум дена со минимална предност ќе патува за реваншот во Турција.

Фудбалерите на македонскиот освојувач на Купот со агресивен пристап и офанзивна игра до последната минута од средбата дојдоа до победа од 1-0 против клубот од Трабзон. Баже Илијоски го постигна единствениот гол на натпреварот, по одличната асистенција на Вујиќ, во 23-тата минута од дуелот.
Во 60-тата минута од средбата турскиот клуб преку Кардозо имаше убава шанса за погодок, но топката заврши во стативата на голот на Божиновски. Претходно имаше продор Илијоски, но судијата не досуди пенал и покрај тоа што имаше фаул над напаѓачот на нашиот клуб.
Работнички ја заслужи синоќешната победа и со тоа продолжува неговата шансата за пласман во групната фаза, а таа треба да се искористи во реваншот во Турција.

Најнови вести