Корисничко име Лозинка Пријави се
25.8.2011

Фенербахче ќе се жали на одлуката за суспензија

„Ќе поднесеме жалба до комисијата во Турската фудбалска федерација и ќе бараме да ја поништат првостепената одлука за исклучување од Лигата на шампионите“, соопштија од актуелниот шампион на Турција, Фенербахче.

Турската фудбалска федерација со оваа одлука реши да не го пријави Фенербахче во Лигата на шампионите, заменувајќи го со вицешампионот Трабзонспор. Причина за таквата одлука е истрагата за наместени натпревари во турскиот шампионат, која сè уште трае и во која под сомнение е, меѓу повеќето останати клубови, и раководството на Фенербахче.

Иако сè уште никој не е осуден, т.е. засега против никого не е покрената постапка, Федерацијата, под притисок на УЕФА, го суспендира шампионот, забранувајќи му настап во најелитното европско натпреварување.

Од Фенербахче изјавија дека со исклучувањето од Лигата на шампионите тие ќе изгубат 25 милиони евра, кои биле планирани за во буџетот, а од истанбулската берза потврдија дека акциите на клубот се паднати за девет отсто.

Најнови вести