Корисничко име Лозинка Пријави се
16.9.2011

На Гасперини му се одбројани деновите?

Директорот на Интер, Ернесто Паолило го предупреди тренерот Џанпјеро Гасперини дека екипата нема време да се прилагодува на неговиот начин на игра.

Интер ги загуби сите три официјални натпревари на почетокот на оваа сезона, италијанскиот Суперкуп од Милан, во првото коло од Серија А од Палермо и во Лигата на шампионите од Трабзонспор, што е најлош почеток на една сезона за него дури од 1921 година. Претседателот Масимо Морати му даде поддршка на тренерот, кој повторно ја врати формацијата со четири играчи во одбраната, но изгледа дека тој е последната личност која сè уште му верува на педесет и тригодишниот тренер.

„Гасперини зборува за период на прилагодување, но ние тоа во моментов не смееме да си го дозволиме. Мислам дека играчите ги исполнуваат неговите замисли и сега нему му останува да ја сврти оваа ситуација во негова полза, и тоа да го стори што побргу“, рече Паолило.

Италијанските медиуми веќе почнаа да шпекулираат кој би можел да биде негов заменик на клупата на Интер, а засега се истакнуваат две имиња, Џанфранко Ѕола и Клаудио Раниери.

Најнови вести