Корисничко име Лозинка Пријави се
12.1.2012

Самсунспор го доведе Гекас

Теофанис Гекас, репрезентативниот напаѓач на Грција замина за Турција, каде што ќе го засили тимот на Самсунспор.

Триесет и едногодишниот Гекас успеа да се договори со својот довчерашен клуб Ајнтрахт Франкфурт за да биде ослободен од своите обврски кон нив и да може да ја промени средината. Германците се согласија на тоа, а деталите во врска со преминувањето во турскиот тим сè уште не се објавени.
Гркот пред неколку сезони, кога го носеше дресот на Бохум, беше и најдобар стрелец во германската Бундеслига, но имаше и една катастрофално неуспешна епизода во Баер Леверкузен.
Тимот од Франкфурт во моментов игра во втората германска лига, но со огромни шанси да се врати онаму каде што му е местото.
Самсунспор, новиот клуб на Гекас, се наоѓа на претпоследната позиција на табелата и е еден од најслабите напади во лигата, па со овој трансфер очекува да го поправи токму тој дел од играта.
Новото засилување се очекува уште во недела да го има своето деби, на гостувањето кај актуелниот шампион Трабзонспор.

Најнови вести