Корисничко име Лозинка Пријави се
19.4.2018

Сензација во Купот на Турција: Испадна Галатасарај

Акхисар во Купот на Турција приреди сензација и го елиминира Галатасарај, кој по првиот натпревар веќе се виде во финалето.

Во првиот натпревар Галатасарај како гостин славеше со 2-1 и веќе  на некој начин се виде во финалето на Купот, но Акхисар во Истанбул не дојде да се предаде и со победата од 2-0 обезбеди пласман во финалето.
Херој на навивачите на Акхисар само за половина час стана Евген Селезњов, кој ги постигна двата гола.
Украинецот мрежата на Галатасарај прв пат ја затресе во четвртата минута, а потоа уште еднаш по половина час.
Играчите на Галатасарај вршеа притисок, се обидуваа да променат нешто во овој натпревар, но не им одеше. На средината на второто полувреме домашните фудбалери почнаа да играат понервозно, посебно Мајкон, кој само за десет минути доби два жолти картони и го остави неговиот тим со еден човек помалку.
Во другото полуфинале ќе се сретнат Бешикташ и Фенербахче. Во првиот натпревар беше нерешено, 2-2, а реваншот се игра вечерва, од 19.30 часот.

Најнови вести