Корисничко име Лозинка Пријави се
11.3.2014

Натпреварот меѓу Трабзонспор и Фенербахче прекинат поради навивачки нереди

Натпреварот од првенството на Турција меѓу Трабзонспор и Фенербахче е прекинат во Трабзон поради навивачки нереди.

Средбата од 24-тото коло е прекината на средината на првото полувреме при водство на гостите со 1-0.
Стрелецот Еменике беше погоден со предмет во главата, пред да биде фрлен факел на голманот на Фенербахче, Демирел.
Судијата беше принуден да го прекине натпреварот, по што гневните навивачи на Трабзонспор влетаа на теренот и направија вистински хаос.
Фенербахче води на табелата на турското првенство со три бода предност пред главниот ривал Галатасарај, додека Трабзонспор е седмопласиран и се бори за место кое води во квалификациите на Лигата на Европа.

Најнови вести