Корисничко име Лозинка Пријави се
21.11.2011

Интер дваесетина дена без Снајдер

Еден ден по победата против Калјари (2-1) во 12-тото коло на Серија А, италијанскиот вицешампион Интер доби лоши вести.

Околу дваесетина дена ќе биде лишен од услугите на еден од своите најдобри фудбалери, 27-годишниот Весли Снајдер. Холандскиот играч за врска се повлече во текот на загревањето за натпреварот во саботата на „Сан Сиро“. Лекарските прегледи покажаа дека се работи за второстепено истегнување на бутниот мускул на десната нога.
Поради тоа Снајдер ќе го пропушти утрешното гостување на својата екипа кај Трабзонспор во петтото коло од Лигата на шампионите, а веројатно и домашниот дуел против ЦСКА две седмици подоцна.

Најнови вести