Корисничко име Лозинка Пријави се
27.2.2014

Буфон: Сериозно ја сфаќаме Лигата на Европа

Џанлуиџи Буфон, капитенот на Јувентус, изјави дека торинската екипа сериозно го сфаќа своето учество во Лигата на Европа оваа сезона.

Јувентус во првиот натпревар од шеснаесетфиналето го совлада турскиот Трабзонспор со 2-0, а Буфон вели дека „старата дама“ има големи амбиции.
„Можеме да оствариме некои важни работи во ова натпреварување, никогаш не можеш да освоиш премногу трофеи. Нашите навивачи во првиот натпревар покажаа колку им е важен овој трофеј, создадоа атмосфера каква понекогаш не сме ја имале ниту во Лигата на шампионите“, изјави Буфон.
Јувентус денес на брегот на Црното Море ќе ја брани предноста од Торино и ќе го бара патот во осминафиналето на Лигата на Европа.
„Ни треба смиреност за да се вратиме во европската фудбалска елита, а навивачите ни покажаа дека стојат зад нас. Сериозно ја сфаќаме Лигата на Европа“, заврши Буфон.

Најнови вести