Корисничко име Лозинка Пријави се
14.3.2014

Трабзонспор шест натпревари без публика

Фудбалскиот сојуз на Турција го казни прволигашкиот клуб Трабзонспор со шест домашни натпревари играни без публика поради навивачките нереди во текот на натпреварот против Фенербахче во понеделникот.

Средбата од 24-тото коло на националното првенство беше прекината во 55-тата минута при водство на гостинот од 1-0, по што навивачите на Трабзонспор ги гаѓаа противничките играчи со разни предмети.
По прекинот на натпреварот, гневните навивачи на домашниот клуб влетаа на теренот.
На табелата на турското првенство лидер е Фенербахче, со еден натпревар помалку и три бодови предност пред главниот ривал Галатасарај, додека Трабзонспор е седмопласиран и се бори за место кое води во квалификациите за Лигата на Европа.

Најнови вести