Корисничко име Лозинка Пријави се
15.9.2011

Занети: Ќе се вратиме во игра

Хавиер Занети е убеден дека Интер ќе се врати во игра по тешкиот удар што му го зададе Трабзонспор во првото коло во Лигата на шампионите.

Но не е само тоа што им тргна лошо на „нераѕурите“, тие уште на стартот од италијанскиот шампионат беа поразени со 4-3 од Палермо.

„Фудбалот е како ТВ-серија, имате епизода во која се случуваат и добри и лоши работи. Единствената работа која сега ќе мораме да ја направиме е да тренираме и да се трудиме што е можно повеќе“, рече Аргентинецот.

Легендарниот триесет и осумгодишен аргентински репрезентативец ги повика и навивачите да му помогнат на клубот во овие тешки моменти.

„Се надевам дека нè разбираат. Ниту среќата не нè служеше на овие два натпревари, но ќе излеземе од оваа криза. Следниот меч ни е против Рома, таа секогаш е тежок противник, но ќе дадеме сè од себе“, заврши Занети.

Најнови вести