Корисничко име Лозинка Пријави се
08.12.2014

Лос Анџелес галакси повторно шампион на САД

Фудбалерите на Лос Анџелес галакси ја освоија шампионската титула во МЛС-лигата откако во финалето на плејофот го совладаа Њу Ингланд револушн.

Лос Анџелес галакси до новата титула дојде со победата од 2-1, а погодокот за големото славење го постигна Роби Кин во 111-тата минута.
Последен пат титулата на МЛС-лигата Лос Анџелес ја освои во 2012 година, а ова му е вкупно петти трофеј во националното натпреварување.
Њу Ингланд револушн ја продолжи црната серија и го изгуби петтото последователно финале.
Во Калифорнија беше вечер на рекорди, а најголемиот го собори Лендон Донован, кој стигна до шестиот Куп од седум финалиња, со што стана прв на вечната листа. Тој ќе се пензионира како играч со најмногу титули, голови и асистенции во МЛС-лигата.
Финалниот натпревар беше целосно изедначен (двете екипи имаа по 16 шута и по шест на голот), но Галакси повеќе среќа имаше во продолжението. Сè се промени на самиот почеток на вториот дел од играта, кога Галакси поведе во 52-рата минута со голот на Гјаси Зардес.
Но, Њу Ингланд не се предаваше и изедначи на десетина минути пред крајот на натпреварот.
Роби Кин го постигна еден од најважните голови во кариерата кога во второто продолжение, во 111-тата минута, ѝ избега на одбраната на ривалот и без поголеми проблеми, топката ја испрати во мрежата за голема радост на тимот од Лос Анџелес.

Најнови вести