Корисничко име Лозинка Пријави се
19.11.2016

Лос Анџелес галакси остана и без Кин

Роби Кин, најдобриот стрелец на Лос Анџелес галакси, ќе му се придружи на Стивен Џерард и ќе го напушти американскиот тим на крајот на сезоната.

Кин го напушта Лос Анџелес по трите титули во МЛС-купот и дури 194 голови за пет сезони, но и само по неколку дена откако Џерард објави дека веќе нема да игра за Галакси.
Овој 36-годишен ветеран нема намера да ја заврши кариерата и наскоро ќе избере некоја од понудите кои ги има на маса.
„Можам да кажам дека доживеав фантастични години во Галакси, ми беше чест да бидам дел од историјата на големиот клуб. Засекогаш ќе ги паметам прекрасните моменти, а сега дојде време за нов предизвик“, изјави Кин, а пренесува ЕСПН.
Кин беше еден од најдобрите фудбалери во МЛС-лигата, пред две години беше избран за најкорисен играч, кога го предводеше Лос Анџелес галакси до титулата. Ирскиот напаѓач дури четири пати за пет сезони беше во идеалниот тим на МЛС-лигата, а еднаш најдобар стрелец.
Пред Галакси, играше за: Вулверхемптон, Ковентри, Интер, Лидс, Тотенхем, Ливерпул, Селтик, Вест хем и Астон вила, додека за репрезентацијата на Ирска постигна рекордни 68 голови на 146 натпревари.

Најнови вести