Корисничко име Лозинка Пријави се
26.5.2015

Ливерпул: Брендан Роџерс останува

Управата на Ливерпул детално ќе ја анализира сезоната, но не размислува да го отпушти менаџерот Брендан Роџерс.

Ливерпул сезоната ја заврши на шестото место на табелата и следната сезона ќе игра во квалификациите за Лигата на Европа.
Натпреварувањето во Премиер лигата го заврши со срамниот пораз од Стоук со 6-1, поради што медиумите шпекулираа дека Роџерс ќе добие отказ.
Изворот  од клубот навел дека управата на клубот во јуни ќе ја анализира сезоната, но дека нејзините членови не планираат да разговараат за промена на тренерот.
На натпреварот на стадионот „Британија“ од Ливерпул се збогува легендарниот капитен Стивен Џерард, кој и го постигна единствениот гол против Стоук.
Џерард целата кариера ја помина во Ливерпул, а управата на клубот го извести дека оваа година нема да му понуди договор, па тој потпиша за Лос Анџелес галакси.
Брендан Роџерс изјави дека екипата заслужила да ја заврши сезоната на шестото место на табелата и дека клубот во текот на летото го чека тешка работа.
„Отсекогаш сум кажувал дека ќе си заминам кога сопствениците ќе сакаат да си одам од клубот. Но, мислам дека сè уште можам уште многу да му понудам на клубот. Оваа година се случија многу работи коишто ја отежнаа работата, но разбирам. Сезоната ја завршивме на шестото место на табелата, а тоа и го заслуживме. Пред клубот е важно лето, го изгубивме Стивен и нè чека пеколна работа“, изјави Роџерс.

Најнови вести