Корисничко име Лозинка Пријави се
13.4.2013

Аршавин си оди од Арсенал

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, потврди дека рускиот фудбалер Андреј Аршавин ќе го напушти клубот на крајот на сезонава.

На Аршавин на лето му истекува договорот со клубот, а со оглед на тоа дека не е задоволен од минутажата на „Емирати стадионот“, не сака да потпише продолжување со „топчиите“.
Пред неколку денови се појави и шпекулација дека триесет и едногодишниот фудбалер размислува и за крај на кариерата затоа што нема понуди од атрактивни клубови.
„Извесно е дека ќе замине од клубот затоа што не игра некое време, а тој како искусен фудбалер не е задоволен од тоа. Сепак, неговиот однос спрема обврските ниту еден момент не беше лош. По крајот на сезоната Аршавин ќе реши што е најдобро за неговата понатамошна кариера“, изјави Венгер.
Претходните седмици се шпекулираше дека Аршавин е желба на американскиот прволигаш Лос Анџелес галакси.

Најнови вести