Корисничко име Лозинка Пријави се
05.12.2012

Кака: Ништо од Лос Анџелес галакси, сакам да останам во Реал

Кака, бразилскиот 30-годишен плејмејкер на Реал Мадрид, за „Ас“ изјави дека нема вистина во медиумските шпекулации кои говорат дека во тек се преговори со Лос Анџелес галакси.

„Моментно ништо не се случува со Лос Анџелес галакси или МЛС-лигата. Но ќе видиме што мислат во Реал“, рече некогашниот најдобар светски фудбалер.
„Јас отсекогаш зборував дека би бил воодушевен да останам овде. Тука се чувствувам добро и имам договор до 2015 година“, продолжи Бразилецот.
„Се надевам дека ставот на клубот ќе го дознам многу наскоро. Налето ќе пронајдеме решение. Дотогаш ќе продолжам да тренирам и да работам како и досега“, додаде стрелецот на прекрасниот гол за Реал во победата од 4-1 над Ајакс.
Во Лос Анџелес галакси би сакале да го доведат Кака во своите редови како замена за најголемата ѕвезда Дејвид Бекам, кој го напушти клубот и ги разгледува новопристигнатите понуди за продолжување на кариерата.

Најнови вести